Skip to main content

Репарација и надоградба на колекторот за спас од поплави

Неодложна репарација, реконструкција и надоградба на колекторскиот систем е спас од поплавите со кои години наназад се соочуваат жителите на делови од Охрид и Струга последните неколку години, изјави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Локалната Самоуправа задедно со Владата прави напори да изнајде средства за таа капитална  инвестиција која според веќе направените проценки на експертите би изнесувала околу 60 милиони евра.

 |  Николоска Биљана  | 
daljan
даљан

daljanЖителите на улицата Сатеска 40 во Даљан, се опоравуваат  по последните врнежи од дожд и снег кои поплавија, влезови, гаражи и подруми. Теренските екипи на Центарот за јавно здравје денес вршеа дезинфекција на поплавените простории од станбените комплекси кои беа најпогодени. Како што истакна претседателот на Заедницата на сопственици на станови од оваа улица Гоце Тасески, станарите бараат поголема одговорност од надлежните и преземање конкретни чекори за надминување на нивниот проблем со кој што се соочуваат години нананзад.  

„Алармирани се сите институции, запознати се, секој кој што дошол ветува, дека е изготвен проект ова е години наназад од 1979, 1980 година, нашава зграда е на пониско ниво, во последно време се изградија и други згради и се оптовари на таков начин местово, цела земја која што беше фрлана години наназад само се зарамна не се подигна воопшто и околината е повисока од влезовите, затоа го имаме тој проблем,  испаѓаме како сливница, сите води кои што се надворешни се сливаат во нашите подруми а немоќноста на колекторот го отежнува проблемот и имаме секогаш поплави“ – вели Тасески.

daljanТој нагласува дека доволно било половина час да нема струја, колекторот затајувал а тие се поплавувале.  Истиот проблем  го имале и жителите на ул „Трајче Трајчески“, „Миќо Гилиќ“, покрај Грашница цело шеталиште, „Васил Стефоски“,  информира Тасески. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, вели дека правеле напори за изнаоѓање на начини и средства за конечна реконструкција и репарација на колекторскиот систем, бидејќи експертите сметале дека тука лежи основата на проблемот поради поплавите во делови на градот.

„Значи се процена дека тој систем е веќе не функционален и има многукратни оштетувања и доаѓа до мешање на атмосферските и фекалните води на многу места во системот н е само во Охрид туку и во Струга и истиот изикува неодложна репарација и реконструкција и надоградба на истиот систем. Од тие причини општина Охрид заедно со Владата на РМ е постојао насочена кон напорите за изнаоѓање на финан сиски средства за преземање на една ваква капитална инвестиција која што според проценките на ЏАЈКА би изнесувала меѓу 50-60 милиони евра“ – истакна Бакрачески.

Инаку градоначалникот Бакрачески информира дека во моментов санирани биле сите последици од поплавите, водата била извлечена од домовите каде што била навлезена и направена била евиденција на оштетувањата кои што бие предизвикани. Бакрачески потенцира дека во наредниот период низ една законска процедура граѓаните ќе бидат обештетени.

{loadposition content9}