Skip to main content

Годинава старите бекатонски крпеници ќе се асфалтираат

Продолжува праксата на Локалната самуоправа ударните дупки низ охридските улици да ги крпат со камени плочи.

 |  Николоска Биљана  | 
bekaton
бекатон

Продолжува праксата на Локалната самуоправа ударните дупки низ охридските улици да ги крпат со камени плочи. Овој пат место бекатонските плочки какао досега се користат гранитни. Теренските екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, од пред неколку дена ги крпат ударните дупки на улиците „7 ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу bekatonkiГули“. Откако ќе се подобрат временските услови активностите ќе продолжеле по ул „Егејска“,  „Туристичка“,  „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и други улици на периферијата на општината. Од Локалната додаваат дека ова е само времено решение и дека за брзо време бекатонот ќе биде заменет со асфалт. Но граѓаните реагираат на ваквата практика посебно затоа што крпениците со бекатонки потавени минатата година сеуште не се заменети со асфалт. Уште лани во август месец од локалната убедуваа дека во најбрз рок ќе биде објавен тендер и дупките ќе бидат асфалтирани во рок од еден месец. Тоа не се случи. Побаравме информација дали годинава конечно е објавен тендер за асфалтирање на ударните дупки.

bekatonki„Она што можам да го кажам дека тендерот за избор на најдобар понудувач е во тек, распишана е тендерската документација, претпоставувам дека овие денови според законските рокови таа ќе заврши мислам дека ни требаат уште 7 дена до завршување на законски предвидениот рок да се пријават заинтересираните компании“ – вели портпаролот Томе Џамтоски.

ТВМ по реакција на граѓани во неколку наврати информираше за оваа проблематика. Експертите кои што ги консултиравме беа децидни дека на бекатонките местото не им е на коловозот ниту како привремено решение.  Според универзитетскиот професор Вулнет Палоши, експерт по патна инфраструктура, крпење на дупки со бекатон плочи е недозволиво, не е безбедно, а ниту економски исплатливо. Не само на улиците  во Охрид, туку ниту на една улица не треба да се дозволи крпење нна дуоки со бекатон плочки.  Мислам дека градежната инспекција треба да излезе на терен и да види дека таква метода не е предвидена во ниедна законска форма  ни за краткорочно ни за долгорочно санирање на дупки“ – кажа за ТВМ проф. Палоши.

{loadposition content9}