Во Словенија денес поради очекуваните временски неприлики и обилни снежни врнежи е откажана е наставата во 270 училишта и градинки.
Таква одлука е донесена заради безбедност на децата иако засега не се отстваруваат прогнозите на метеоролозите за рекордни снежни врнежи.
“Мислам дека правилно одлучивме, бидејќи безбедноста на децата е најважна и не би сакале при превезувањето на децата да дојде до некаква несреќа”, рекла за Словенечката телевизија министерката за образование Станка Сетникар Цанкар.
Снег паѓа во јужните и југозападните делови на земјата, а спрема прогнозите до сабота, кога се очекува да престане невремето, може да наврне најмногу до 30 цм.
Тоа е многу помалку од најавените рекордни снежни врнежи кои беа најавувани, а метеоролозите го толкуваат со преместување на циклонот спрема југ и влијанието на антициклонот од север на Европа. Полицијата во утринските часови ги исклучуваше од сообраќај теретните возила на автопатот Љубљана – Копер, и на делот на автопатот Љубљана – граничен премин Брегане во двата правци.
{loadposition content9}