Skip to main content

Локалната заинтересирана да помогне за реконструкција на детските одморалишта во Охрид

Локалната самоуправа ќе создава услови за реконструкција и надградба на детските одморалишта на охридското крајбрежје. Градот  заслужува да има едно современо детско одморалиште кое во иднина ќе биде убаво катче за забава, рекреација и одмор за децата од Р Македонија, е ставот на локалната.

 |  Николоска Биљана  | 
detsko odmoraliste
детско одморалиште

detsko odmoralisteЌе заживуваат ли детските одморалишта во Охрид. На Охридското крајбрежје има две детски одморалишта „Радости“ и „Славејче“. Нив ги одржува и со нив стопанисува Републичкиот Сојуз за грижа и воспитување. Објектите со во добра состојба но факт е дека треба реновирање. Засега раководните структури од одмаралиштата сами се снаоѓаат за опстојување на објектите без поголема помош од институциите, но за поголеми финансиски зафати се надеваат на помош од општествено одговорни компании. Од охридската Локалната самоуправа со оптимистички најави, подготвена е да помогне повторно да заживеат детските одморалишта каде децата ќе имаат можност да го развиваат својот социјален живот да се дружат и да ги развиваат здравите животни навики.

„Ние како Локална самоуправа создаваме услови да тие можат во иднина да се развиваат, надградуват, реконструираат и да создадат адекватни услови за развој на една вака општествена корисна активност која што навистина сметаме дека е потребна на Охрид“– изјави Бакрачески.

detsko odmoralisteРазмислувањето на градоначалникот Никола Бакрачески е дека детските одморалишта после осамостојувањето на нашата земја го изгубиле своето значење  и не биле масовно посетени онака како што пред неколку децении било.

„Како Локална самоуправа тука апсолутнол имаме изграден став дека треба да се поддржат ваквите активности и навистина Охрид заслужува да има едно современо детско одморалиште кое во иднина ќе биде убаво катче за забава, рекреација и одмор за децата од Р Македонија“– вели градоначалникот.

Инаку во детското одморалиште „Радости“ во текот на сезоната организирано летуваат околу 3000 основци од сите градови на земјава. Покрај организирање на летување во месеците јули и август, тука престојуваат основците кои изведуваат настава во природа или се на училишни екскурзии. Објектот има 300 легла, а е изграден пред 62 години.

{loadposition content9}