Skip to main content

Пожар го остави без дом Диме Мaрмачоски од Охрид

 Пожар го остави без  дом  Диме Мaрмачоски од Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
pozar
pozar

 

Пожарот на улица Винковачка бр.75  го остави Диме Мaрмачоски без кров над главата. Пламените јазици на пожарот  кој избил во дневната соба на едноспратната куќа му ја пеплоса целата покуќнина. Тој во куќата живеел со болен син, кој во моментов се наоѓа на лекување во болничка институција, а живее од  семејната пензија на почината сопруга. Причина за пожарот е експлозија од телевизорот. До несреќата која во саботата го снајде Мaрмачоски дошло додека отишол да купи цигари во маалската продавница.

pozar„ Отварање на влезната врата, влегов во кујната и ме удри пламен. Не знаев каде сум, како бомба удри,  комшиите свикаа излегов и вивна пламен наеднаш. Не знаевме број од пожарната, се јавив во полиција па чекавме да стигни пожарната“, раскажува Мaрмачоски.       

Спасе Прентоски, командир на противпожарната единица, информира дека причина за пожарот е екплодирање на телевизорот, а е предизвикана голема материјална штета. Прентоски вели дека противпожарното возило пристигнало навреме со 4 -ца пожарникари. Ги негира тврдењата на оштетениот дека задоцнило противпожарното  возило.   Материјалната штета е голема заради ниските тавани, тесниот простор  и лесно зпаливиот материјал од кој е градена куќата, напоменува Прентоски.

„ Сочуствувам со загубата што се случило. На тој што му гори секогаш му се чини дека со 10 -тина минути pozarподоцна доаѓа возилото или се плеткаат пожарникарите. Пожарникарите стручно и професионално си ја вршат работата мора тактички да се постават“, појаснува Прентоски.

Денес опожарениот дом на Мaрмачоски го посети градоначалникот Никола Бакарчески со своите  соработници. Изрази жалење за маката што го снајде  нашиот сограѓанин  и рече дека финансиски и материјално ќе му помогнат како и на останатите граѓани кои порано ги снашла истата судбина. Направиле координација со Црвен Крст и Месната заедница да му помогнат додека се реконструира оштетениот дом, кажа Бакрачески.

„ Според она што го договоривме можно да е времено сместен во просториите на месната заедница, но доколку најдеме посоодветно решение ќе овозможиме да биде сместен, но ќе се грижиме да бидат задоволени неопходните минимални стандарди за временото сместување“, истакна Бакрачески.

Сашо Точков од општинскиот Црвен крст информира дека волонтерите на нивната организација уште во истиот момент интервенирале и му доставиле храна и ќебиња. Привремените простории во месната зедница дополнително ќе ги опремат со кревет, постелнина и греалка.

{loadposition content9}