Skip to main content

Започнува обуката на членовите на општинските изборни комисии

Ваквите курсеви се добредојдени и позитивно влијаат на текот на изборите, велат од струшката изборна комисија.

 |  Билјана Колоска  | 
кутија
kutija
Од денес официјално, членовите на општинските изборни комисии ќе се обучуваат како да ги извршуваат своите обрвски за време на претстојните избори. Струшката општинска изборна комисија,  во полн состав ќе се обучува во Охрид. Ваквите  курсеви се од големо значење за сите членови, вели претседателот на струшката комисија.

„Ние имавме и минатата година но очигледно е дека сега се навистина неопходни. Очекуваме дека ефектите позитивно ќе се одразат на претстојните избори“-истакна Африм Бектеши, претседател на ОИК во Струга.

izboriОд таму информираат дека  во предвидениот законски рок  ја превзеле својата обврска. Членовите веќе си ја вршат својата работа и излегуваат на терен, не информира претседателот.  

„Екипите почнаа да ги рзгледуваат избирачките одбори. Доколку има некои нергуларности околу подготовките, тогаш ние ќе го пријавиме случајот па потоа другите органи ќе превземат соодветни мерки“-истакна Бектеши.

Општинската изборна комисија од Струга,  нема поголеми  промени во составот, освен што е направена смена на еден член од комисијата.
Од таму  очекуваат дека локалните избори во Струга ќе се одржат во најдобар ред. Дека тоа е пракса,  сме го докажале претходните избори а ќе се потврди и сега, велат од таму.

 

 

 

{loadposition content9}