Лебедот со скршено крило заглави во институционалните лавиринти
И после еден месец од алармирањето за состојбата на лебедот со скршено крило никој не се најде надлежен за да помогне оваа ретка птица да се спаси. Уште еднаш на површина излегоа пропустите на институциите кои не знаат што се нивните ингеренции.
Лебедот со скршено крило сеуште никој не го згрижи. За повредениот лебед Телевизија ТВМ пишуваше уште пред еден месец, но надлежните сеуште се прават слепи и глуви. Информирано е Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа, еколошките друштва, но никој не превзема ништо, велат од „Анималија“, Здружение за заштита на животните.
Ние сега како невладина организација не знаеме како да постапиме. Се прашуваме кој е следниот чекор кој треба да го превземеме бидејќи совеста не ни дозволува лебедот да го оставиме да угине. Дали и сега треба да превземеме активности на своја рака како што тоа бевме приморани да го направиме пред две години кога имаше ваков сличен случај или да чекаме институциите да се договорат кој е надлежен, а што може да биде многу касно и лебедот да угине, вели претседателот на НВО Анималија, Климент Арнаудов.
Сашо Секулоски, портпарол на Министерството за екологија, во телефонски разговор ни кажа дека иако за решавање на овој случај многумина прстот го вперија во нив, министерството нема никакви законски надлежности за да постапи. Тој посочи дека Секторот за заштита на животната средина при ЛС е тој кој треба да го реши овој проблем.
Општина Охрид треба да организира заловување на лебедот за што би издала налог на ветеринарна служба која треба стручно да го истретира лебедот и потоа повторно да се врати во езерото. Бидејќи Ох. Езеро се наоѓа на територија на Општина Охрид таа треба да го реши случајот, дециден е Секулоски.
Секулоски додава дека и покрај тоа што немаат директна надлежност за решавање на овој проблем сепак не сакале да го остават на случајност. Преку Дејан Паноски кој е нивни преставник во канцеларијата за заштита на Ох езеро стапиле во контакт со секторот за екологија при Локалната самоуправа. Го запрашавме Паноски што од таму му било кажано, а тој ни рече дека ги запознал вработените во овој сектор со целокупната ситуација со повредениот лебед. Од Локалната самоуправа велат дека не се надлежни за лебедите и дека не можат да постапат.
И повторно се се врти во круг. Додека институциите не знаат кои им се надлежностите и се вадат едни на други, повредениот лебед по се изгледа ќе угине.
{loadposition content9}