Skip to main content

Мал интерес за откуп на компири и јаболка во Дебрца

200 000 тони компири и 100 000 тони јаболка од општина Дебрца сеуште чекаат пласман. Домашниот пазар е презаситен и не може да го апсорбира богатиот род, вели градоначалникот на општината Игор Трајкоски. Тој потенцира дека прави напори овој проблем да се надмине и нуди конкретни мерки за решение. Во таа насока Трајкоски веќе подготвувал терен за овозможување на услови за изградба на откупен центар во село Мешеишта.

 |  Николоска Биљана  | 
jabolka
јаболка

kompirМал интерес за откуп на дебрчкиот компир и јаболко. Мештаните се задоволни од квалитетот на реколтата на годинашниов род на компир, но сеуште се загрижени за неговиот пласман, бидејќи засега нема организиран откуп и никој до сега не понудил ни минимална откупна цена. Од овој проблем засегнат е и првиот човек на општина Дебрца, градоначалникот Игор Трајкоски. Тој вели дека проблемот е евидентен и тоа не само околу откупот на компирот туку и на јаболкото. Додаде дека како Локална Самоуправа се трудат да изнајдат инвеститор кој ќе отвори откупен пункт, за да се олесни пласманот на производите на земјоделците.

„Работиме на урбанизација на еден простор во село Мешеишта каде што ќе предвидуваме и парцела за изградба на откупен пункт така да тоа би го решиле на тој начин “ – вели Трајкоски.

jabolkaЦената на компирот е падната поради намаленатата побарувачка, но ние настојуваме истиот да го понудиме на пазарот, нагласува Трајкоски.

„Јас како градоначалник успеав да обезбедам контакти од фирми кои што се занимаваат со трговија на компир, така да стапив во контакт и очекувам да се реши и тој проблем. Имаме големи количини, значи се работи за 200 000 тони на компир, јаболко се помали колиичините бидејќи есента одеше продажбата па некаде околу декември месец почна да стагнира, некаде околу 100 000 тони јаболка“ – изјави Трајкоски.

Општина Дебрца како рурална средина произведува од раноградинарски култури до житни. За житните култури не треба пласман бидејќи тие најчесто остануваат во селата за прехрана на добитокот, како што информираат од оваа општина.

{loadposition content9}