Skip to main content

Манчестер Сити мора да почне да се контролира со понудите

Претседателот на УЕФА Мишел Платини официјално го предупреди тимот на Манчестер Сити со дисквалификација од натпреварите во европските купови доколку не престанат со понудите на огромните суми на пари за купување на играчи.

 |  Крсте Голабовски  | 
Michel Platini
Мишел Платини
Претседателот на УЕФА Мишел Платини официјално го предупреди тимот на Манчестер Сити со дисквалификација од натпреварите во европските купови доколку не престанат со понудите на огромните суми на пари за купување на играчи.

Платини се заканил дека доколку сопствениците на овој клуб не престанат да ги зголемуваат сумите кои ги нудат за фудбалерите од другите екипи, тогаш УЕФА ќе мора да реагира со санкции односно забрана за настап на натпревари од Евро куповите.

logo„Може ли едно момче да чини 150 милиони евра. За мене тоа е смешно. Од фудбалска, социјална и финансиска гледна точка – од секаде. Работиме за систем кој ќе им овозможува на клубовите да издржат сами, а тоа е невозможно во вакви услови“, изјави Мишел Платини во обид да го спречи трендот на огромните понуди кои ги даваат одредени екипи во обид да ги имаат големите фудбалски ѕвезди во своите редови.

„Ние не го забрануваме она што се случува на трансфер пазарот, но затоа го штитиме фудбалот“, додаде Платини.  

 

{loadposition content9}