Унеско со финансиска поддршка за манифестации од културата
Унеско со финансиска поддршка за манифестации од културата.
Дополнителна финансиска инекција за културните манифестации во градот. Националната комисија за УНЕСКО ќе доделува финансика поддршка за проекти на јавните институции и на граѓанските здруженија. Ова е нова можност да се збогатат културните содржини на престојните активности.
Предлог-проектите треба да се однесуваат на активности од областа на културата.
Останува да се види дали оваа можност ќе ја искористат културните манифестации од градот како што се Охридско лето, Балкански фестивал, Охридски староградски средби и други.
Директорот на јавната установа Центар за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски, ја поздравува оваа можност на УНЕСКО и вели дека секоја финансиска поддршка е добредојдена.
„ Мислам дека секоај институција има капацитет да ефектуира на катј ан акраиштата со подолгорочен проект кој би финиширал со убава завршница да е квалитетен ерзулатат кој би бил од корист на сите“, изјави Горан Стојаноски, директор на Центар за култура „Григор Прличев“.
Апликациите ќе се поднесуваат во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО.
Секоја земја-членка на УНЕСКО може да поднесе четири предлог-проекти. За два треба да се носители национална или јавна институција, а за два носители да се здруженија на граѓани.
Апликациите може да се доставуваат до 15 април 2015 година и треба да бидат испратени само преку официјалната интернет-платформа. Сите други форми на доставување на проектите нема да бидат прифатени. Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија преку интернет ќе изврши првична селекција на пријавените апликации.
Конечниот избор ќе го направи Меѓународниот комитет на оваа конвенција при УНЕСКО во декември 2015 година.
{loadposition content9}