Skip to main content

За Охридското црно и бело вино две втори места за квалитет во Неготино

За  Охридското црно  и бело вино  две втори места за квалитет во Неготино.

 |  Валентина Неловска  | 
pehar
pehar

Охридското црно мерлот барик 2011 и белото шардоне барик 2012 добија две втори места на  натпревар за вино во Неготино. Двeте сорти вино на индивидуалниот винaр Будимир  Соколовиќ  се вбројаа меѓу најквалитетните вина  во конкуренција од 25 индивидуални винари и 7 винарии од Неготино и регионот. Вината ги испратив како индивидуален винар, но наградите ги добив во класата на винарии заради високиот квалитет на вината, вели Соколовиќ. Додава дека наградите потајно го посакувал и дека се резултат на квалитетните сорти грозје од охридскиот регион и неговата 4 годишна  посветеност во производството на вино.  Од одржаната манифестација „Недела на виното“ дома се враќа со позитивни впечатоци.
вино
„ Мојот личен впечаток е дека има голем простор за унапредување на винарството во класата на повисоки нивоа. Барик вината бараат посебен третман и посебни буриња, француска техника на прозиводство на вина,  по неколу месечни преточувања и вината зреат во дабови буриња од 225 литри.“

Бурињата во кои го произведува виното, Соколовиќ напоменува дека се изработени од високо квалитетен  кичевски даб. Иако има потреба од бочкари во  нашиот регион такви занаетчии кај нас нема, напоменува Соколовиќ.

 

 

вино„ Тоа е еден проблем како што е и во многу другизанаети. Изумираат занаетите, а јас сум убеден дека во моментов има голема потреба од бочки во Македонија, винариите имаат недостаток од  квалитетни бочкари и бочки“, укажува Соколовиќ.

Во моментов нема кој да ги изработува  бочките, но е надминат  проблемот со едуцирани енолози. Во однос на овој стручен кадар Соколовиќ вели дека тоа се решило  со отварање на катедрата за вино на Земјоделскиот факултет во Скопје.

 

{loadposition content9}