Skip to main content

Среќна Нова Година на овцата

Милиони луѓе ширум Азија ноќеска, со спектакуларен огномет, ја пречекаа кинеската година на овците, а оние кои остаа дома имаа можност да го набљудуваат преку директната свечена телевизиска програма.

logo
лого

Милиони луѓе ширум Азија ноќеска, со спектакуларен огномет, ја пречекаа кинеската година на овците, а оние кои остаа дома имаа можност да го набљудуваат преку директната свечена телевизиска програма.

логоВремето на прославување на кинеската Нова Година варира поради природата на лунарниот календар, којшто ги следи по циклуси месеците, па таа минатата година се прославуваше на 31-ви јануари. Според традиционалната кинеска астрологија, секој лунарна година е именувана по различни животни.

За годината на овцата или козата, како што е цитирано од страна на АП, астролозите предвидуваат нестабилна економија, повеќе несреќи и природни непогоди, како што се торнадата во САД или тајфуните во Југоисточна Азија.
Минатата година беше година на коњот и се смета за една од попросперитетните години и покрај политички немири, елементарни непогоди, војните и враќањето на Еболата.

Во Шангај, некои поединечни настани од прославата на Кинеската Нова Година беа откажани, а бројот на луѓе кои можеа да ги посетат туристичките атракции ограничени, по стампедото што се случи пред седум недели кога загинаа 36 лица.

Лунарната Нова Година се слави во Тајван, Северна и Јужна Кореја, Монголија и во некои кинески заедници во Југоисточна Азија.

{loadposition content9}