Со СМС пораки ќе се наплаќа паркинг на охридските улици
Со СМС пораки ќе се наплаќа паркинг на охридските улици.
Наскоро, охриѓани и гостите паркинг ќе плаќаат со СМС пораки. Ваквиот начин на паркирање се очекува да стартува од престојната летна сезона. ЈП„Билјанини извори-Охрид“ веќе ја спроведува постапката за избор на партнер за воведување на електронскиот современ начин на паркирање.
„На објавениот јавен оглас од ЈП Билјанини извори за имплентација на системот за електронско управување со паркингот по пат на јавно приватно партнерство. Стигнаа две понуди. Во тек на постапката се запазени се сите законски дејности согласно одредбите од Законот за јавни набавки и Законот за концесии и приватно јавно партнерство. Од страна на Комисијата беше донесена одлука за избор на најповолен понудувач и веднаш по одлуката беше испратено известување до понудувачите, а во тек е рокот за поднесување на жалба“, информира директорт на ЈП Билјанини извори, Ристе Мишев.
Мишев напоменува дека современиот начин на паркирање без работа нема да ги остави досегашните работници ангажиран на наплатните пунтови.
Директорот Мишев вели дека на работа ќе бидат задржани сите 35 работници. Современото паркирање ќе се задржи на сите досегашни улици вклучувајќи ја и улицата Даме Груев од пресекот на Макеодонски просветители со Булевар Туристичка.
„ На сите улици со кои стопансува ЈП Билјанини извори,а за кои општината има дадено согалсност за стопанисување ќе се врши елетронкса наплата. Тоа се улиците со кои сега стопанисуваме Македонски просветители, Партизанска Димитар Влахов , Кеј Македонија“, напоменува Мишев.
Одлуката за воведување на електорни, современ начин на наплата на паркинзите по пат на ЈПП беше изгалсна мината година од страна на охридските советници.
{loadposition content9}