Skip to main content

Во бегство директорот на Здравствен дом Охрид по откриен финансиски криминал

Во бегство директорот на Здравствен дом Охрид по откриен  финансиски криминал

 |  Валентина Неловска  | 
malaricna
malaricna

Тежок финансиски скандал во охридскиот Здравствен дом. Директорот и двајца вработени пари од партиципација на пациентите  со години си  ставале в џеб.  Трите лица се осомничени за  финансиски криминал  тежок над 7,5  милиони денари malricnaнаправен во периодот 2010-2014 година. Се товарат за повеќе кривични дела и тоа  „Проневера во службата“, „Поттикнување“, „Помагање“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“. Финансиската полиција при контролата на сметководствената евидениција и документација во Здравствен Дом открила финансиски злоупотреби.  Директорот на Здравствен дом, шеф на сметководство и вработен во установата, во финансиската документација  евидентирале  само дел од сметководствената евиденција на здравствениот дом. По добиена усна наредба од страна на директорот на Здравствениот дом, вработената  во континутет, започнувајќи од 2010 година изготвувала фалсификувани завршни сметки кои потоа со потпис на директорот ги  поднесенувале до Централниот регистар на Република Македонија.

malricnaОд 01.05.2010 година, по усна наредба од директорот на Здравствениот дом Охрид, обврската за изготвување на касови извештаи била доверена на една од неговите вработени  која спротивно на прописите воопшто не изготвувала касови, односно благајнички извештаи. По усна наредба од директорот на Здравствениот дом Охрид, еден од соработниците секој ден по пребројување на дневниот промет, телефонски го известувал директорот за износот на вкупниот дневен промет. Потоа  добивал задача колкав дел од прометот да го уплати на банкарската сметка на Здравствениот Дом, а остатокот од дневниот промет без никаков писмен документ  му го давал лично на рака на директорот кој парите од пациентите си ги користел за лични потреби. 

Судија по претходна постапка во Основниот суд во Охрид заради сериозноста на кривичното дело, можноста за влијание врз сведоци и опасноста од повторување на делото, на трите пријавени лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Двајца од пријавените се веќе уапсени од страна на Финансиската полиција додека по првопријавениот кој е во бегство, распишана е потерница и по истиот интензивно се трага.

{loadposition content9}