Начини за продолжување на времетраењето на батеријата на лаптопот
Времетраењето на батеријата е сеуште голем проблем кај преносните компјутери

Иако лаптоповите денес се многу напредни, траењето на батеријата на многумина од нив сеуште им претставува голем проблем. Многу често се случува батеријата пребрзо да се потроши, а ако се наоѓаме некаде каде неможе да се наполни, целата приказна станува полоша.
Ви носиме неколку корисни совети на кои можете да се придржувате за да извлечете максимум од батеријата.
-Затворете ги сите непотребни програми и апликации кои работат во заднина. Спречувањето на вашиот лаптоп паралелно да извршува голем број непотребни задачи ќе го продолжи времетраењето на батеријата.
-Намалете го осветлувањето на екранот. Држењето на максимална осветленост има огромно влијание на потрошувачката на батеријата.
-Ако сакате на лаптопот да слушате музика, ќе мораме да ве разочараме. Звучниците на лаптопот воопшто не се енергетски ефикасни и се големи потрошувачи на батеријата.
-Исклучете ги Wi-Fi и Bluetooth кога не ги употребувате. Тие можеат да ја трошат батеријата дури и кога не се поврзани на мрежа или на некој уред.
-Уклучете го “Power saving mode” на вашиот лаптоп. На Windows кликнете на иконата од батеријата во долниот десен агол, а потоа кликнете на “power saver”.
-Одржувајте ја вашата батерија “здрава”. Не изложувајте ја на екстремни температури (како високи така и ниски), а полнете ја само кога е скоро празна.
{loadposition content9}




