Skip to main content

Бидете подготвени, викендов доаѓа дожд!

Кооринативното тело известува (според информаците добиени од УХМР) дека во недела 22. 02 2015 година под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекува обилни врнежи на дожд.

 |  Голабовски Крсте  | 
dozd
дожд

Кооринативното тело известува (според информаците добиени од УХМР) дека во недела 22. 02 2015 година под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекува обилни врнежи на дожд. 

dozdДождовите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.

Координативното тело повторно упатува на препораките до Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.

– градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,

– градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,

– градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,

– градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

– ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки, сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,

– Апел до месното население да помага и да се активира.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

{loadposition content9}