Skip to main content

Пастрмката се враќа во водите на Охридскот Езеро

Вештачкиот мрест на охридската пастрмка за 2015 година најуспешен во последнава деценија. Собрани биле 2,5 милиони икра, изјави сопственикот на „Пастрмка 2012“, Ристе Танасоски. Како резултат на тоа рибниот фонд е возобновен и полека но сигурно пастрмката се враќа во водите на Охридското Езеро.

 |  Николоска Биљана  | 
ezero
езеро

risteБудното око на рибочуварската служба на концесионерот „Пастрмка 2012“, придонесе вештачкиот мрест на охридската пастрмка годинава да биде најуспешен во последниве десет години.  Тоа значи постепено враќање и возобновување на овој уникатен вид риба во водите на Охридското Езеро.

„Тоа се должи пред се не само на рибарската служба туку и на сите вработени кој што деноноќно ги чуваа плодиштата на охридската пастрмка. Тоа значи дека, иако секоја година го обезбедуваме,  три години по ред учествуваме во вештачкиот мрест на пастрмката, оваа година успеавме да собереме 2,5 милиони зрна икра од охридската пастрмка, од каде што 2,1 милион на охридскиот, а остатокот на струшкиот дел од езерото. Се заблагодарувам на  одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“ – вели Танасоски.

spirkoskiСе додека трае забраната за лов на охридската пастрмка, Танасоски вели дека рибочуварите интензивно физички ќе го заштитуваат езерото.
Од Хидробиолошкиот Завод од Охрид, велат дека од година во година се возобновува рибниот фонд. Зоран Спиркоски нагласи дека годинава за многу кратко време успеале да соберат голема количина на икра, а показател е тоа што биле заловувани матици, кои биле ловени пред неколку години и повторно дошле на својот мрест.

„Физичката заштита навистина придонесува на заштитата на рибните плодишта и резултатот кој произлезе оваа година, каде што се фатени и вратени над 2000 килограми пастрмка, значи дека и мрестовите се возобновени како плодишта“ -вели Спиркоски.

Како што изјави Спиркоски според планот кој бил направен помеѓу техничките лица од Албанија и Македонија, Охридското Езеро треба да се порибува со 3,5 милиони единки подмладок на пастрмка кој е шест месеци прихрануван.
Инаку од „Пастрмка 2012“, информираат дека откако станале концесинери на рибниот фонд во Охридското Езеро, успеале рибокрадството да го намалат за 95%.

{loadposition content9}