Министрите за финансии на еврозоната се договорија на вонредниот состанок во Брисел за продолжување на програмата за финансиска помош на Грција за уште четири месеци.
Во заедничката изјава на министрите за финансии на еврозоната се вели дека “грчките власти најдоцна до 23 февруари ќе го предложи првиот список на реформи”.
Потоа “институциите” ќе ја дадат првата оценка дали тие мерки се доволни. Изразот институции се користи наместо досегашната “тројка”, која ја сочинуваат Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и Европската комисија.
Договорот ќе биде валиден само доколку грчкиот документ добие зелено светло на почетокот на следната недела, во спротивно тој нема да важи, признал грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Грчката влада направила значителни отстапувања во однос на своите првични позиции.
“Грчките власти се обврзале дека ќе се воздржуваат од отфрлање на мерките е еднострани промени на политиката и структурните реформи кои би влијаеле негативно на фискалните цели, економскиот напредок или финансиската стабилност”, се вели во заедничката изјава.
Грците, исто така, недвосмислено се обврзале дека ќе ги почитуваат своите финансиски обврски спрема доверителите и ќе ги исполнуваат на време. Што се однесува на примарниот фискален суфицит, во изјавата се вели дека оваа година институциите ќе ги земаат во предвид економските околности, со што делумно е испочитувано барањето на Грција.
Еврозоната од своја страна се обврзала дека ќе пружа соодветна подршка на Грција сè додека државата не почне повторно да се финансира на финансиските пазари и сè додека ги почитува своите обврски внатре во договорената рамка.
Од европската народна партија соопштиле дека го поздравуваат фактот дека грчката влада ги прифаќа правилата на еврозоната и дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе мора на своите бирачи да им ја каже вистината.
{loadposition content9}