Американската Академија вечерва по 87-ми пат ќе ги доделува своите признанија, а шоуто во долби театарот ќе го води комичарот Neil Patrick Harris.
Julianne Moore, Patricia Arquette и Eddie Redmayne се фаворити за актерските награди, но и понатаму е неизвесно кој ќе го добие оскарот за најдобар филм.
“Birdman” , мрачната комедија за некогашна акциона ѕвезда кој се обидува да ја оживее кариерата, на Бродвеј собра низа од значајни признанија – награда на здружението на актери (SAG) и режисери (DGA).
Драмата на Richard Linklater “Boyhood”, која е снимана 12 години со исти актери кои стареат заедно со своите ликови, е голем победник на Златниот глобус но и добитник на наградата на Британската академија (Bafta).
Некои проценуваат дека “American sniper” на Clint Eastwood би можел да биде неочекуван победник, пред сѐ благодарение на успехот на благајните бидејќи станува збор за воен филм со најголема заработка во историјата.
“Birdman” заедно со “The Grand Budapest hotel” има најмногу номинации – девет. “The imitation game” има осум, а “Boyhood” има шест номинации.
Лобирањето за филмовите е завршено по неколку неделна борба, а 6.124 членови на академијата со право на глас во вторникот го завршија гласањето. И додека предвидувањето за добитник на Оскар е неизвесно, другите категории не се толку проблематични.
Ветеранката Moore скоро е сигурно дека ќе го освои Оскарот за главна женска улога за улогата на професорка која болува од Алцхајмерова болест во филмот “Still Alice”. Patricia Arquette е фаворит за споредна улога на самохрана мајка во “Boyhood”, а се очекува дека J.K.Simmons ќе добие Оскар за споредна машка улога во џез драмата “Whiplash”.
Кога станува збор за најдобра машка улога, тука ситуацијата е малку понеизвесна, а борбата е помеѓу Michael Keaton во “Birdman” и британскиот актер Redmayne за улогата на астрофизичарот Stеphen Hawking во “The theory of Everything”.
Фаворити за режисерскиот Оскар се Linklater за “Boyhood” и Мексиканецот Alejandro Gonzalez Inarritu кој стои зад “Birdman”. Тоа доведе до шпекулации дека Оскарот за најдобар филм и најдобра режија би можеле да бидат поделени, како што беше случај и минатата година, но постои можност и Inarritu да добие Оскар за најдобра режија а “Boyhood” за најдобар филм.
Наградите ќе ги врачуваат врвни ѕвезди како што се Ben Afleck, Scarlett Johansson, Nicole Kidman, Eddie Murphy,Liam Nesson, Gwyneth Paltrow, Meryl Streep и Oprah Winfrey.
{loadposition content9}