Одрони на патот
Повторно одрони на патниот правец Охрид Св. Наум. Возачите реагират дека се изложени на опасност, а пешаците велат дека немаат каде да се движат. Бараат надлежните сериозно да му пристапат на овој проблем.
Внимание, опасност на патот. Овој сообраќаен знак треба да биде поставен на патниот правец Охрид Св. Наум, поточно над Хидробиолошкиот завод, поради тоа што на оваа сообраќајница многу често има одрони на патот. Возачите кои ја поминуваат оваа магистрала секојдневно ги демне голема опасност.
И поставената мрежа на еден дел од ридот не може да ги спречи одроните на карпи и поситни камења.
Горниот дел од патот постојано се рони. Овој проблем треба еднаш за секогаш да се реши,а не само да се импровизира. Камењата кои се ронат не само што преставуваат опасност за возачите туку и за пешаците, па нема каде да се движиме, вели Крсте Пазаркоски, жител на Месната заедница Рача.
Надлежни за одржување на овој патен правец се од Македонија пат- секција Охрид. Тие пред осум години поставија заштитна мрежа на овој потег, но очигледно со тоа не се реши проблемот. Раководителот на оваа секција, Крсте Ташкоски ни рече дека ќе испрати екипи да го расчистат теренот.
На терен работиме по приоритет. Не смееме да дозволимеда има опасност во сообраќајот. Заштитните мрежи ни се предвидени во годишната програма, но дали ќе бидат поставени и каде тоа сепак зависи од средствата кои ќе ги имаме, вели Крсте Ташкоски-раководителот на Македонија пат- секција Охрид.
Реакцијата беше побрза од очекуваното, веднаш после нашиот разговор кој го направивме во кој им предочивме дека возачите се жалат поради намалената безбедност во сообраќајот, работниците пристигнаа и почнаа со расчистување. Камењата ги отстрануваа рачно и со лопати, а за кревање на поголемите карпи беше употребена механизација. Работниците објаснуваа дека мрежата треба да се отстрани и повторно поцврсто да се постави како би се зголемила безбедноста од одроните.
Возачите апелираат до надлежните посериозно да му пристапат на овој проблем бидејќи како што кажуваат еден жител на населбата Рача врз чиј автомобил пред неколку години паднала карпа за малку избегнал несреќа со фатален крај.
{loadposition content9}