Американското министерство за правда и Комисијата за трговија со стоки (CFTC) истражуаат најмалку 10 големи банки поради можноста тие да ги местеле цените на племенитите метали, објавил Wall Street Journal повикувајќи се на луѓе блиски до истрагата.
Обвинителот на американското министерство за правда го проверува процесот на одредување на цената за златото, среброто, платината и паладиумот во Лондон, додека CFTC покренало своја истрага, објавил весникот.
Како што се наведува во весникот, под истрага се најдоа HSBC, Bank of Nova Scotia, Barclays, Credit Suisse Group, Deutsche Bank, Goldman Sachs Group, JPMorgan Chase&Co., Societe Generale, Standard Bank Group и UBS.
HSBC и порано објави дека CFTC во јануари издал налог за истрага во HSBC Bank USA, барајќи од банката документи поврзани за тргувањето со племенити метали. HSBC е една од бројните банки наведени во тужбите кои минатата година се поднесени до американските судови поради наводна манипулација со цените на златото, среброто, платината и паладиумот и манипулација со дериватите на племенитите метали.
{loadposition content9}