Ако во последно време сте праќале електронска пошта од Gmail на Google, би било добро да поверите дали тие пораки отишле на вистинските адреси или сте ги пратиле на погрешни лица.
Имено, откако на Twitter некои корисници се пожалиле дека електронската пошта на Gmail отишла кај погрешни лица, од Google потврдиле дека имаат проблем со автоматските предлози на e-mail адресите во контакти и поради тоа корисниците на Gmail ги пратиле пораките на погрешни лица. Проблемот се наоѓа во предлозите на Google кој ги дава при праќање на поштата – кога во Gmai ќе ја напишете првата буква на кого сакате да му пратите пошта, Google веднаш дава повеќе предлози од адреси на лица кои ги имате во вашата контакт листа, а со кои сте комуницирале и порано. При тоа корисникот воопшто не гледа која адреса ја има лицето на кого сакаме да му пратиме пошта, бидејќи знаат дека е доволно да се напише само првата буква и Google сам ќе ја исфрли адресата на тоа лице со кое сакате да комуницирате.
Но, во последните 10-15 часа се забележани проблеми со системот на предлози на адресите на примачите кои го дава Google кога ќе се впише почетната буква од примателот на поштата. Секако, не треба да се напоменува какви проблеми може ова да предизвика кога се праќаат чувствителни пораки или документи бидејќи би завршиле во погрешни раце.
Со оглед на тоа дека овој сервис го користат милиони корисници, јасно е дека станува збор за потенцијално голем проблем, но моментално не е познато колкав е бројот на корисници на кого Gmail му предлага адреси на лица со кои ретко или воопшто не се комуницира.
Од Google не објавиле многу информации туку на Twitter потврдиле дека го идентификувале проблемот и дека работат на негово отстранување. Овој проблем сеуште постои па ви советуваме добро да ја проверите адресата на кого му ја испраќате електронската пошта, и не се изненадувајте ако на Gmail во текот на денот ви пристигнат пораки кои не се наменети за вас.
{loadposition content9}