Skip to main content

Се менуваат прехранбените навики на децата во охридските градинки

Се менуваат прехранбените навики на децата во охридските градинки.

 |  Валентина Неловска  | 

Децата во охридските градинки ќе јадат здрава храна.  Традиционалната листа на планирани јадења во  охридските градинки претрпе измени. Во зависност од возраста  децата во градинките добиваат соодветна храна која содржи здрави продукти. Од употреба се исфрлаат белиот шеќер и печива, синтетичките зачини како вегетата, а се заменуваат со кафеав шеќер, мед и бројни други намирници кои важат за здрави прехранбени артикли. Децата за појадок на мени ќе добиваат интегрални житарки мусли со семиња од лен и сончоглед или интегрални бисквити. За ручек се планирани  варива, салати зачинети со маслиново масло и  јаболкова киселина, а за ужина ќе имаат сезонско овошје и  сутлијаш.  Се внимава  и на пијалоците, не се употребуваат сокови за растварање, ги набројува новините во листата на јадења,   Роза Костеска директорката на ЈОДУ „Јасна Ристеска“.
 garadinka   
„ Во одредени денови добиваат компоти од конзервирано овошје. Во есен кога има големи количества на овошје компотите се приготвуваат  и  кај нас во градинката. Често се дава и печена тиква што е реткост по другите градинки, а и дома многу ретко се користи како додаток во исхраната. Се вари пченица со суво грозје што е доста прифатено од децата.Исто  така и палента и пченкарно брашно се користат како доручек“, наведува Костеска.

На децата им се случува некој од  прехранбените артикли прв  пат да конзумираат и да не се заинтерсирани , но со упорност почнуваат да стекнуваат навики, вели Костеска. Напоменува дека за децата да се навикнуваат на здравата храна,  дел од зеленчукот се  одгледува и во нивните градини во кругот на установата. Начинот на исхраната влијае на телесната тежина кај децата па директорката советува родителите да го применуваат здравиот начин на исхрана и во домашни услови.
cveklo

„ Она што се трудиме да ја воведеме здравата храна се надеваме дека и родителите ќе ја прифатат во домашна средина.Повеќе да одат на готовена храна, чорби и манџи  од колку на брза фаст фуд храна како што се хамбургери и сендвичи за да се надминат почестите појави на  повисока телесна тежина според возраста на децата. Се појавуваат тие проблеми,  но тоа не од градинката туку од домашната храна. Ги замолуваме родителите доколку сакаме да градиме здрави деца и генерации да се потрудат дел од своето време да издвојат за приготвување на готвена храна за децата,“ препорачува Костеска.          

На крајот од годината  градинката поднесува извештај до ресорното министерство за намирниците и продукти кои ги користеле  во исхраната. Со тоа ќе докажат колку овошје и зеленчук, компоти и други намирници  употребиле за децата да добиваат здрава храна, напоменува Костеска.  

{loadposition content9}