Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца даде отчет за сработеното во 2014 година
Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца даде отчет за сработеното во 2014 година.
Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца даде отчет за работењето во 2014 година. Пензионерите ја усвоија завршната сметка на Здружениeто и на Клубот на пезнионери. Минатата година ја оценуваат како усшешна иако здруженеито работеше со блокирана жиро сметка но во интерес на своите членови, рече претседателот Ѓорѓи Трпчески. Од бројните планирани активности, за кои пензионерите издвојуваат по 30 денари месечна членарина, Трпчески посочи дел од потребите на пензионерите кои и понатака ќе бидат нивен приоритет во работата.
„ Превземените активности остануваат за изградба на пензионерскиот дом кој е зацртан и во програмата на Локалната Самоуправа, а го има и во ветувањата на останатите функционери. Понатака ќе бараме да се реализира и на нашата територија бесплатен превоз, ќе воспоставиме контакт со градоначлалникот и со приватните претпријатија ако треба и ние да учествуваме со некој процент, само да обезбедиме првоз и да го задоволиме барањето на пензионерите кои мислат дека не се преземаат мерки, истакна Трпчески.
На годишното собрание беше присутен и Драги Аргироски претседателот на Сојузот на Здруженија на пезнионерите на Македонија. Претседателот упати пофални заборови за постигнатите резултатите на Здружението на Охрид и Дебрца. Посочи дека и понатака ќе се поддржуваат проектите за бањско лекување и беспалтните викенд патувањата за пензионерите.
„Безплатниот туристички викенд е значаен за пензионерите, но и за Охрид. Тој е еден од 6 -те туристички места во кои 3000 пензионери годишно ќе користат беспалтен туристички викенди меѓу кои се покрај Охрид и Струга, Преспа, Дојран, Крушево и Берово. Овој проект ќе го заживее туризмот како што се заживеа и бањскиот туризам. Со ова активност ќе се развива туризмот и во Охрид и во другите градови“, напомена Аргировски.
Во однос на најавите дека пензионерите од Дебрца ќе се одвојат од постоечкото и ќе формираат засебно здружение, Аргировски кажа дека за ново здружение нема доволно членови. Посочи дека ќе се оди на формирање на силен месен огранок во Дебрца кој ќе функционира и понатака во рамките на досегашното здружение. Додаде дека и понатака ќе настојуваат со Владата како нивен партнер да ги зголемуваат условите и стандардот на пензионерите, како и на зголемување на пензијата за 5 проценти за оваа година.
{loadposition content9}