Skip to main content

„Охридска вечер“ нов начин на туристичка промоција на градот

„Охридска вечер“ нов начин на туристичка промоција на градот.

 |  Валентина Неловска  | 

Наместо закуп на штандови на туристички саеми локалната самоуправа  во иднина ќе организира Охридски вечери. Ова е новата стратегија со која Охрид ќе се промовира, а која од Белград на одржаниот саем за туризам ја најави охридскиот градоначалник Никола  Бакрачески.  Самостоен закуп на брендиран штанд на саемска манифестација финансиски чини многу пари. Организирањето на Охридска вечер  со директни промоции за таргет групи покажале дека од финансиски аспект се подостапни, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за Тлер.
апостолов
„ Во овој момент сметаме дека е попрактична и подобра за промоција на градот. Затоа што наша цел е да ги донесеме на едно место сите туристички работници од Охрид и таргетираната држава каде ќе може да остварат директни контакти, да разменат податоци и да креираат пакет аранжамани кои понатака би се продавале“, рече Апостолов.

 За организирање на Охридска вечер  поддршка ќе добиваат од нашите амбасади во државите каде туристички ќе се промовира Охрид. Исто така ќе се користат и услуги на специјални маркетинг агенции. Се планира да бидат присутни покрај охридски хотелиери и туристички агенции и туристички работници од   таргетираните  земји, ја појаснува стратегијата Апостолов.
саем
„ Тоа  е дел од програмата на Тлер. Изборот на земји и градови каде ќе се вршат овие промоции го добивме и го одбираме преку наши аналзи  во секторот кои земји се потенцијални подрчја на туристи кои ќе доаѓаат во Охрид. Посебно акцент сатваме каде што постои инетерес , а интересот може да се зголеми преку директен контакт помеѓу туристичките работници од двете држави“, посочува Апостолов.   

Туристичките потенцијали, пририодните и култруните вреднсоти, Охрид ќе ги промовира со организирање на Охридска вечер  во повеќе европски градови како што се Брисел, Москва, Загреб, Љубљана, Истанбул, Измир. Минатата година ваков начина на промција на Охрид биле одржани во Стразург, Прага и во Белград.


{loadposition content9}