Skip to main content

Охрид се сеќава на ликот и делото на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков

Одбележана 107 годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков. По тој повод денес на неговата спомен плоча неколку делегации положија свежо цвеќе и потсетија дека на овој револуционер градот сеуште не му е одолжен за неговото дело.

 |  Николоска Биљана  | 
bosnakov
бошнаков

 

Охрид се сеќава на ликот и делото на гемиџијата Марко Бошнаков на 107 годишнината од неговата смерт. Денес по тој повод пред неговата спомен плоча, делагација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот , Гордана Коњановска, претставници на политичките партии и  директорот на ОУ Христо Узунов, Тони Симоноски со група основци, положија свежо цвеќе. bosnakovДејан Паноски во своето обраќање пред присутните истакна, дека денес уште еднаш треба да се потсетиме на охридскиот и македонски револуционер, Марко Бошнаков, роден во 1874 година во едно тешко време, а посебно да се потсетиме на неговото револуционерно дело кој уште за време на неговото школување станал сведок на раѓањето на македонската револуционерна организација.

„Денес ние како генерација го спомнуваме името на Бошнаков овде пред оваа спомен плоча, но сеуште не сме се оддолжиле, ни со споменик, ниту со улица со неговото име. Останува обврска тоа, не само вака јавно, туку и институционално да го поткренеме и направиме. Не само заради вечната му слава туку и заради лекцијата која според неговото дело и посветеност  кон македонството треба да ја учат идните генерации. А неопходни ни се тие лекции од историјатата, од настаните, од личностите. Заради иднината“ – нагласи Паноски.

Историски час за ликот и делото одржа кустосот Горан Митрески. Тој нагласи дека, животниот пат на Бошнаков започнал и завршил во Охрид. И тој потсети дека жалосно е што денес не постои неговиот гроб, само дека неговиот череп е погребан во заедничка костурница во дворот на Црквата Св Константин и Елена.

bosnakovЕдна мала група млади и образовани луѓе, кои себе си се нарекле гемиџии, веруваат дека, за ослободување на татковината не е потребно да се дадат илјадници жртви туку дека, слобода за Македонија можат да издејствуваат големите сили, а за да се поттикнат на тоа треба да се удри врз нивните капитали со индивидуални атентати. Дел од таа група млади и смели луѓе а кои слободата на татковината им била помила ос сопствените животи бил и охриѓанецот Марко Бошнаков“.

Марко Бошнаков, Павел Шатев, Милан Арсов и Ѓорѓи Богданов се преживеаните  атентатори од групата млади македонски патриоти наречени солунски атентатори. Бошнаков беше заробен од аскерот во Солун на 24 мај 1903 и беше осуден на смрт. Нешто подоцна смртната пресуда била преиначена во  доживотен затвор, а гемиџиите затворени во солунскиот затвор Еди Куле. Во април 1906 година биле префрлени во затворот Смирна  а од тука по едномесечно пешачење во окови во затворот Музрул во Либија, Африка, каде и умре на 27 февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците. Марко Бошњаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“.

{loadposition content9}