Во Windows 10 Microsoft и официјално ќе се откаже од Internet Explorer и ќе им понуди на корисниците алтернативен пребарувач кој најверојатно ќе се нарекува Spartan. Тој ќе биде потполно нов пребарувач способен да се натпреварува со модерните пребарувачи.
По многу години Microsoft конечно одлучи да го згасне Internet Explorer засекогаш, а иако многумина веруваат дека се има негативна перцепција спрема овој пребарувач, во компанијата велат поинаку.
Порачуваат дека вака не можело вечно и дека поправката на сите проблеми би можела да влијае на милиони интернет страници. Наместо тоа, тие одлучиле да прифатат сосема нов пристап наречен Edge, со нов изглед и модерни функции кои би биле ускладени со останатите алатки на Windows 10.
Microsoft исто така сам признава дека откажувањето од Internet Explorer е императив кој и е потребен на компанијата како “оттргнување од минатото”.
{loadposition content9}