Откако минатогодишниот модел S5 испорача мал успех, па Note4 практично го превзеде приматот во фамилијата Samsung, сега корејскиот џин сепак одлучи да се посвети на својот најпотентен адут.
“Ова се најдобрите мобилни телефони. Не само што имаат најбрз процесор, најдобри камери, туку е прв уред од ваков вид. Батеријата се полни како никоја друга. Ова е нешто најдобро што досега сме направиле”, порачал самоуверено шефот на Samsung Jong-Kyun Shin.
Ништо помалку Samsung и не смееше да испорача ако има намера да се врати во острата трка со Apple кој на Корејците им избега далеку со моделот iPhone6.
А што нудат S6 и S6 Edge? Веднаш се приметува чекорот напред во дизајнот, Samsung конечно го отфрли пластичното куќиште и се сврте на метал и стакло, а резултатот е импресивен дизајн. Имаат вградена батерија која не може да се менува (исто како и кај iPhone6), што можеби некому нема да му се допаѓа. Не постои повеќе ниту место за додатна SD картичка, а процесорот е од сопствена изработка – 64 битен осумјадрен Exynos. Двата модела го красат HD Super Amoled екран од 5,1 инчи.
Во Samsung тврдат дека со само 10 минути полнење на батеријата може да се осигураат 4 часа работа и дека се полни двојно побрзо отколку кај iPhone. Исто така, направен е исчекор во квалитетното решение за бежично полнење.
Најголема разлика помеѓу двата модела е тоа што Edge има заоблен екран, на двете страни (Note 4 е заоблен само на едната страна), што овозможува додатен ефект на рабовите од уредот (на пример при повикување или прелистување на вести).
Камерата обично не беше проблем туку предност кај Galaxy серијата, па така и сега, двете камери се импресивни. Задната има 16 МР, а предната 5 МР. Двете функционираат одлично и во услови на слабо светло благодарение на леќата која пропушта повеќе светлина отколку кај конкурентските модели. Интересна, но и практична, опција е брзото стартување на камерата. Имено, во Samsung истакнуваат дека нивната камера се стартува за само 0,7 секунди.
Исто така, отстварен е исчекор и во олеснетиот процес на купување преку телефонот, и заштитата на податоци при тоа, што би требало да заживее во наредните месеци. Моделите излегуваат на пазарот од 10 април, а клучното прашање е дали новите модели ќе фатат чекор со iPhone.
{loadposition content9}