IKEA не траба посебно да се претставува, а компанијата размислува вон рамките на модерниот мебел за што зборува новата иновација која овозможува полнење на телефоните по бежичен пат.
Имено, компанијата низ проектот Home Smart, со кој се развиваат иновативни решенија кои придонесуваат подобар живот во домовите, во својот мебел вградила технологија за бежично полнење на мобилните телефони и таблети. За да остане сѐ во стилот на IKEA, оваа технологија е скоро невидлива, а каблите стануваат минато.
“Направивме паметна бежична технологија која ги елиминира каблите. Благодарение на нашата колекција, истовремено можете да полните неколку уреди, а вашиот дом ќе остане угоден и без кабли”, објаснил David Wahl, еден од дизајнерите на колекцијата која ормарите, столните ламби и подните светилки ги претвора во места за полнење.
Новата IKEA колекција користи технологија која има глобален Qi стандард на сертифицирање и поддржува автоматско полнење на сите уреди кои имаат вграден Qi стандард (Google, Nexus, Nokia Lumia, HTC, Samsung). Уредите кои не се Qi компатибилни за полнење (iPhone) можно е да се полнат со VITAHULT навлака за полнење која купувачите исто така можат да ја набават во продавниците на IKEA.
{loadposition content9}