Во болничката лабораторија нема реагенс за тумoр маркери за простата
Во болничката лабораторија нема реагенс за тумор маркери за простата.
Во охридската болничка лаборатотија е зголемена побарувачката за тумор маркери за испитување на простата. Некои пациенти чекаат термин за испитување на тумор маркерите според планот за работа на лабораторијата, вели д-р Елена Шикаловска, раководител на специјалистичката болничка лаборатотија.
„ Во моментов е потрошен тој реагенс бидејќи имаше интензивно трошење. Во тек на оваа недела ќе добиеме нов реагенс и продолжуваме со работа. На пациентите им е закажан термин да се јават или да им се јавиме ние. Досега не сме имале недоразбирање или конфликти со пациентите кога ќе нема реагенси. Реагенси имаме ама многу се трошат“, напоменува д-р Шикаловска.
Д-р Шикалоска вели дека очекуваат реагенсот да го добијат до крајот на оваа недела. Појаснува дека не може да ја предвидат потрошувачката на реагенсите затоа што потребите на пациентите се секојдневно големи. Уверува дека таквата состојба не го загрозува здравјето на пациентите.
„ Ако на упатот од пациентот стои назнака хитно ако клиничкиот доктор констатирал дека се работи за итен преглед и тоа е назаначено на лабортаторискиот упат во тој случај чуваме количини на реагенси како не би пропуштило нешто сериозно, “ напоменува д-р Шикаловска.
Ваквата ситуација е резултат на повеќе фактори. Како една од главните причини е големиот број на болни пациенти, но и се поголемиот број на граѓани кои одат на превентивни прегледи, велат од специјалситичката дијагностичка лабараторија. Само минатата година во оваа лабораторија биле направени биохемиски и иминунолошки испитувања на 35.000 пациенти со амбулантни упати и 16.700 пациенти од болничките одделенија.
Покрај пациентите за кои нема доволно реагенси за ипитувања со тумор маркери за простата, реагенси во доволна количина нема и за пациенти кои чекаат за испитувања на хормоналниот статус на тироидната жлезда и за хемоглобин А1Ц, со кој се испитува регулирањето на шеќерот во крвта во последните 3 месеци. На пациентите кои чекаат за овие испитувања им се дава приоиртет според клиничката слика и тежината на заболувањата. За останатите биохемиски и имунолошки испитувања има доволно реагенси и пацентите вршат редовна контрола, велат од специјалситичката дијагностичка лабораторија при Општа болница Охрид..
{loadposition content9}