Исламската држава во наредните две години во Европа може да изведе терористички напад како оној во Њујорк на 11 септември 2001 година, предупредува внукот на покојниот либиски диктатор Muammar Gaddafi и екс разузнувач, Ahmed Gaddaf al-Dam.
Тој исто така тврди дека во следната година најмалку половина милион емигранти од Либија би можеле да се најдат во Европа. Меѓу нив со сигурност ќе има и илјадници терористи кои ќе се шират на стариот континент.
“До крајот на годината 500 илјади емигранти ќе дојдат во Европа, а на секои илјада ќе има 10 до 50 терористи. За една година, две, ќе имате уште еден 11 септември”, рекол Ahmed Gaddaf за Daily Mail.
Тој тврди дека исламистичките групи емигрантите ги доведуваат во своите кампови и ги обучуваат за војници.
“Им даваат пари, им зборуваат за Алах на небото и им ветуваат дека таму ги чекаат девици”, вели Gaddaf кој денес живее во егзил во Каиро.
Исламската држава од недела во недела ја шири својата територија, а успеала да го завземе и Sirt, родниот град на Gaddafi. Неговиот внук тврди дека милитантите лојални на ISIS во Либија веројатно држат под контрола повеќе од 6.000 барели на ураниум со вредност од 400 милиони долари, која го чувала војската во пустината кај градот Sabhe. Ураниумот би можеле да го продадат, на пример на Северна Кореја, за да ги финансираат понатамошните активности, смета Gaddaf al-Dam.
Gaddaf тврди дека тој претставува два милиони Либијци, кои се пожалиле на револуцијата, и се надева дека ќе биде идниот претседател на Либија. Наскоро планира да ја посети Велика Британија и други европски земји за да добие поддршка за својата мировна конференција за Либија на која би ги повикал и исламистите па дури и џихадистите од ISIS.
{loadposition content9}