Skip to main content

Младите охридски фармери заинтересирани за бизнис во земјоделството

Помош од 10 000 евра за младите земјоделци кои сакаат да започнат земјоделска дејност. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, деновиве го објави Јавниот повик. Барателите треба да имаат средно земјоделско образование или обука, да ги почитуваат добрите земјоделски практики и мерките за заштита на природата и животните.

 |  Николоска Биљана  | 
farmeri
фармери

farmeriПо 600 000 денари за младите фармери кои сакаат да отворат свој бизнис. Тие до крајот на март годинава, можат да аплицираат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството за добивање на овие средства. Станува збор за неповратната парична помош која се однесува на започнување на сопствена дејност. Како што изјави Билјана Ѓорческа, од Агенцијата за поддршка во земјоделството Р.Е. Охрид, еден од условите е младите земјоделци да не се постари од 40 години и да се регистрирани помалку од 18 месеци.

„Мора да имаат постоечко земјоделско стопанство односно да бидат евидентирани во единствениот регистар за земјоделски стопансктва при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исто така ако немаат нивно земјоделско стопанство можат да преземат некое постоечко од некој член од семејството“ – истакна Ѓорческа.

farmeriОваа мерка стартува веќе трета година по ред, а последниов период е се поактуелна меѓу охридските млади фармери, наглсаува Ѓорческа. Но и  покрај тоа во нашиов регион како што изјави Ѓорческа имало многу необрабтено земјоделско земјиште.

„Има доста необработливи површини во охридскиот регион, а така младите сега последниве години почнаа да се вклучуваат во овој бизнис како фармери, инаку досега тоа стоеше тоа на повозрасните лица, а знаеме колку повозрасните можат да го сработат тоа, па се надеваме дека во иднина ќе биде се поактуелно земјоделството  за да можат да ги користат и овие средства од програмите и да работат во земјоделското стопанство “ – вели Ѓорческа.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, деновиве го објави Јавниот повик, а земјоделците ќе треба да направат и бизнис план за тоа каде планираат да ги потрошат средствата. Целта на оваа мерка е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството.

{loadposition content9}