Skip to main content

Во Охрид поскапе само венчавката

Поскапеа црковните такси. Верниците ќе плаќаат поскапи венчавки, крштевки и погреби. Новиот ценовник веќе е на сила но во дебарско кичевската епархија нема зголемување на цените за сите обреди. Поскапеле само венчавките, за ТВМ вели Митрополитот дебарско кичевски Господин Тимотеј.

 |  Николоска Биљана  | 
crkva
црква

Од петстотини до илјада денари поскапеле цените за верските обреди, како крштевка, венчавка и погреб, што ги извршуваат свештениците на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископја.  Оваа одлука владиците ја донеле на седница на Синодот која се одржала во почетокот на февруари.

crkvaДебарско кичевкиот митрополит  г. Тимотеј за ТВМ изјави дека во епархијата со  која  раководи зголемена е цената само на венчавките.  Засега другите обреди ќе се извршуваат по старата цена, вели владиката. Цената за венчавка од 4 500 зголемена е на 5000 денари, додека пак за крштевка останува 3000 денари како и за погреб со будење 3000 денри. Мала молитва е 200 денари а голема молитва 500 денари. Парохиските свештеници велат дека во одредени случаи прават отстапки од ценовникот на услуги посебно кога се работи за луѓето од социјално ранливите категории.

МПЦ се решила на покачување на цените од економски причини. Во некои епархии  веќе почнал да се спроведува новиот ценовник.  Верниците нагласуваат дека во услови кога семејниот буџет е се потанок цените за верските обреди се високи. Дали верниците ќе продолжат да издвојуваат високи суми за црковниот обред венчавка или се поголем број бракови ќе се склучуваат само во општините како граѓански брак, останува да видиме. Инаку ценовникот на МПЦ последно претрпе измени во 2012 година кога цените за обредите поскапеа за 10 отсто.

{loadposition content9}