Најновата верзија на апликацијата Blue Link на Hyundai им овозможува на сопствениците по пат на поддржан паметен часовник од далечина да управуваат со многу функции на автомобилите од марката Hyundai.
Некои од функциите кои ќе можат да се извршуваат со паметниот часовник се стартување на автомобилот, отклучување и заклучување, употреба на сирената, ракување со светлата или можноста да го пронајдете својот автомобил на паркинг. Сето тоа е возможно да се направи по пат на гласовни команди.
За сето ова да биде достапно, сопствениците ќе мораат да се претплатат на услугите на Blue Link и секако да го имаат автомобилот со таа опција, а најголемиот број на новите модели на Hyundai тоа го имаат.
{loadposition content9}