Астрономите откриле уште една планета за која се претпоставува дека е слична на Земјата, а станува збор за супер-Земја која се наоѓа на оддалеченост од 20 светлосни години од нас.
Долго време астрономите го одрекуваа постоењето на егзопланетата GJ581d, која се наоѓа на 20 светлосни години од Земјата, по откривањето во 2014 година. Сметале дека се работи за шум од податоци предизвикан од ѕвездените пеги, како оние на Сонцето.
Но, тим на астрономи од Универзитетот Queen Mary од Лондон инсистира на тоа дека планетата е вистинска, по преиспитувањата на своите методи со кои и ја откриле.
Таа супер-Земја е идентификувана уште во 2009 година во орбитата околу ѕвездата Gliese581. Главниот автор на студијата за пронаоѓањето на GJ581d др. Gulliem Anglada-Escude, истакнува дека откривањето на таа планета е очигледен пример за примена на Doppler техниката на откривање егзопланети, пренесува Metro.
“Секогаш постојат расправи меѓу научниците за тоа како ги интерпретираме податоците…дека начинот на кои се однесуваме спрема тие податоци е вистинскиот, а ако е така тогаш некои податоци за планети во повеќе опсерватории треба да поминат низ сериозна ревизија, бидејќи сите се усмерени на откривање на уште помали планети”, заклучил тој.
{loadposition content9}