Студeнската школа во Исео, достапна за охриѓани
На охридските студенти кои завршиле економски студии им се отвара можност да следат предавања од светски истакнати лауреати на Нобеловата награда од областа на економија. Во тек е апликација на талентирани студенти за глобалната конференција или студенската летна школа во Исео Италија, која оди преку Секторот за ТЛЕР Охрид.
Една недела предавања од нобеловци во прекрасното средновековно градче Исео на истоименото езеро во Италија. Општина Охрид се вклучува во афирмација на познатата меѓународна летна школа во Италија преку организирање на учество на студенти од Охрид. Поточно станува збор за учество на студенти кои завршиле економски науки или студенти кои следат мастер студии од областа на економијата , како што појаснува Антонио Балески од Секторот за ТЛЕР. Додава дека сите заинтересирани студенти во период од 20 – 27 јуни годинава, можат да бидат дел од глобалната конференција во италијанскиот град Исео, со што вложуваат во себе за изградување на својот капацитет и стекнување на нови знаења и вештини од областа на економијата, преку предавања, дебати и презентации.
„Се работи за меѓународна школа од врвен карактер, на која што досега досега учествувале 30 добитници на Нобелова награда од областа на економијата и на која што присуствуваа врвни еминентни стручњаци од светот. Се работи за меѓународна школа во италија која што е позната по своето 12 издание“ – вели Балески.
Постапката за пријавување започна вчера. Благодарение на успешната соработка на општина Охрид со италијанскиот град Исео и минатогодишното зачленување на нашиот град во Европската мрежа на градови со езера, талентираните студенти по економија ќе можат да ги искористат поволностите кои ги нуди секторот за ТЛЕР како што појасна Балески.
„Ние како општина успеавме да обезбедиме големо намалување на цената за заинтересираните студенти, цената во пакетот е 2 500 евра меѓутоа нашите студенти би ја користеле со голем попуст значи една недела во Италија со комплетен престој во хотел, би ги чинело 1000 евра“ – изјави Балески.
Бројот на студенти не е ограничен. Се аплицира електронски до организаторот, односно до Институтот за култура од Исео, а таму потоа ќе се прави селекција, вели Балески. Тој додава дека очекуваат голем интерес од охридските студенти. Заинтересираните треба да се обратат лично до него со цел да ја потполнат електронската апликација а еден од условите е познање на англискиот јазик.
Инаку учеството на летната школа во Исео е еден од проектите во мрежата на европски градови на езера, чиј член е и Охрид. Еден од проектите во оваа мрежа е и “100 концерти” Eвропскиот партнерски проект на млади музичари од различни европски држави, кој годинава се одржува во Италија а во 2016 год. ќе се одржи во Охрид.
{loadposition content9}