Skip to main content

Неколку куќи на познати охридски фамилии ќе го добијат оригиналниот сјај

Заводот за заштита на спомениците и музеј годинава ќе реставрира фасади, кровови, а на еден објект ќе ја зајакнува и статиката на градбата.

 |  Мишел Наумоски  | 
fasadi
фасади

Куќите на неколку познати стари охридски фамилии ќе го враќаат првобитниот сјај. Годинава, Заводот за заштита на спомениците и музеј од Охрид ќе врши конзервациско-реставраторски работи на повеќе објекти во градов. За оваа намена, министерството за култура веќе одобрило средства како дел од годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес.

restavracija fasadi„Оваа година ќе ја санираме фасадата на објектот каде што се наоѓа Радио Охрид. Во непосредна близина накај чинарот постои уште еден објект, една камена магаза и на тој објект ќе вршиме санација на фасадата. Исто така на куќата на Ѓурчинови пред неколку години завршивме дел од нејзината санација, извршивме санација на оградниот дворен ѕид, ја променавме целокупната надворешна столарија. Оваа година ќе вршиме иннтервенции на кровот на објектот. Исто така и на куќата од Димзови ќе вршиме статички зајакнувања. Ќе биде прво неопходно објектот статички да се зајакне, за после да можеме да ја изработиме и фасадата.“-вели директорката на Заводот за заштита на спомениците и Музеј од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска.

Конзервацијата на куќата на Ѓурчинови се наоѓа во својата втора фаза, додека Завод и Музеј продолжува и со проектот за конзервација на куќата на Ајри Доко, односно се продолжува со петтата фаза од нејзината конзервација. Во рамките на годинешната програма на Министерството за култура, предвидени се средства и за конзервациско-реставраторски работи и факсимилна обнова на катови на куќата на Јонче Стружан. Инаку во изминативе години, Завод и Музеј ги реставрираше фасадите како и ентериерот на објектите на повеќе значајни охридски фамилии, меѓу кои и куќата на Бојаџиеви и Патчеви.

{loadposition content9}