Skip to main content

Урбаната опрема-жешка тема на петочната седница на Совет

Во петок ќе се менува и дополнува програмата за поставување урбана опрема за 2015г.

 |  Мишел Наумоски  | 
urbana oprema
урбана опрема

Поставувањето на урбана опрема за 2015та година ќе биде една од жешките теми на петочната 37 седница на Советот на општина Охрид.

sednicaСоветниците ќе се произнесат и по однос на неизбежните предлог одлуки од сферата на урбанизмот. Од нив, се чини најинтересна е онаа за дефинирање на границите на централното градско подрачје. Ова, според претставници од Секторот за урбанизам го налагаат Законите за градба и за градежно земјиште, бидејќи, од тоа, дали објектот или земјиштето се наоѓа во централно градско подрачје ќе зависи и бројот на паркинг места при добивање одобрение за градба, но и цената при продажба на градежно земјиште. Воедно, на седницата ќе се гласа и за три детални урбанистички планови меѓу кои и оние за локалитетот Горица-Св.Стефан-Метропол и населбата Чекоштина. Освен точките од урбанизмот, советниците под лупа ќе го стават и реализирањето на програмата за туризам и локален економски развој во општина Охрид за изминатава година, а ќе се дискутира и за успешноста на работењето на пооделни одделенија. Ќе се гласа и за предлог одлуките за извештаите од работењето на неколку сектори. Советнички коментари се очекуваат и во поглед на реализацијата на развојните програми на локалната за градежно земјиште,  за изградба и реконструкција на локални патишта,  јавно осветлување, изградба на системи за одведување и прочистување отпадни води.

Искуствено, како и многупати претходно, пожестока дискусија се очекува околу предлог одлуките кои се однесуваат на успешноста во работењето на охридските јавни претпријатија.

{loadposition content9}