Skip to main content

Свлечиште се појави во непосредна близина на ОУ „Св Климент Охридски“

Свлечиште се појави во непосредна близина на ОУ „Св Климент Охридски“.

 |  Валентина Неловска  | 
dupka
dupka

 

Во близина на ОУ „ Св. Климент Охридски“ се појави свлечиште. Отвор со дијаметар од околу  половина метар и исто толкава длабочина зјае веќе три недели.  Дупката е  опасна за минувачите, а посебно за учениците. Од Комуналнот фонд велат дека  нивни екипи направиле увид на терен и најавуваат санација на проблемот од идната недела.
dupka
„ Се констатира дека проблемот во најможно брзо време мора  да се реши. Свлечиштето или отворот да се санира во најкус можен рок. Се донесе заклучок да се пристапи за решавање на проблемот веднаш по подобрување на временските услови. По завршување на градежните работи во населбата Канео каде што оперативните екипи констатирале сличне проблем како кај училиштето Св Сава“, напоменува Љупчо Танески од Фондот за комунален развој.

Жителите од месноста  Дебој  стравуваат состојбата со патот да не се влоши доколку продолжи врнежливото време. Оваа зима имаше честа појавата на свлечишта низ стар град. Оштетени беа потпорни камени ѕидови.

 

Мештаните во близина на старото училиште Св. Сава сега се  плашат да не дојде до поголема штета врз околните куќи.

dupka„Колку што следиме доколу продолжат ваквите временски услови, ситуацијата може да се влоши. Но надлежните лица апелираат  за малку трпение проблемот не е од најтежок карактер и верувам со наша навремена акција за санирање  ќе се надмине за најкус можен рок,“нагласува Танески.

Танески нагласува дека екипите од фондот заедно со ЕВН и кабелските оператори ги решавале проблемите со попуштените потпорни ѕидови, паднатите електрични столбови, бандери и кабли етапно, дел по дел.

 

 

{loadposition content9}