Легализацијата и урбанизацијата, причини што не оди бизнисот на агенциите за недвижности
Легализацијата и урбанизацијата се само дел од низата проблеми со кои се соочуваат агенциите за недвижности од Охрид. Агентите за недвижности сметаат дека лошата состојба и проблемите со пазарот за недвижнини може да се подобри, само доколку градските власти имаат план и стратегија да го урбанизираат Охрид, од бензиската кај Билјанини до Св Наум. Односно да ја исполнат законската одредба, на секои 10 години да го сменат Генералниот урбанистички план, како бизнисмените би имале терен за инвестирање во Охрид.
Агенциите за недвижности се соочуваат со редици проблеми. Како што вели Александар Трајкоски, од ЕНХЕЛЕЈА овие проблеми се провлекуваат 20 години нананзад. Еден доста горлив проблем е што голем процент на недвижности во Охрид се продаваат приватно, односно на интернет сајтовите, како што појаснува Трајкски.
„Има ситуација се продава куќа во центарот во стариот дел од градот. Таа куќа тогаш немало урбанистички, со некое авионско снимање влегла само под објект, така било и сега таа има имотен лист, меѓутоа катот не е легализиран или е надвор од габаритот или има некој проблем, вие имате лист и со тоа тргнувате ќе напрам договор и ќе ја купам, но потоа се проблемите, знаете таа куќа катот не е легализиран не е ставен во имотниот. Доаѓаат кај нас и велат јас ги дадов парите имаше имотен но сега се јавува проблем“ -вели агентот за недвижности.
Трајкоски за ТВМ изјави дека купувањето на недвижности исклучиво треба да биде преку агенција, бидејќи кога луѓето сами купуваат недвижности, посебно оние кои не се консултираат со агенциите или со луѓето кои работата на таа проблематика имаат проблем. Тој посочи дека добар дел од недвижности не можат да ги понудат заради што претерано долго се чека за легализација.
„Јас имам купец за куќава која треба да ја продам а немам уште извадено документ на имотен лист цела квадратура, односно не е завршена легализацијата. И сега јас куќава дури не излезе документација за легализација практично ја немам како понуда. Имам купец кој ќе плати 100 000 евра, 2% на агенцијата 2000 евра со кој агенцијата ќе покрие некој трошок и 3% данок на промет Локалната самоуправа ги изгубила и сите чекаме дозвола за легализација на тој објект, односно се е подадено“ – објаснува Трајкоски.
Понудите се ограничени, не располагаме со некоја голема бројка за продавање на недвижности, вели Трајкоски. Тој апелира до надлежните да го забрзаат процесот на легализација, бидејќи кај него во фиока имало предмети за кои дури по две години се чека легализација. Тајкоски како проблем ја посочи и урбанизацијата.
„Централно градско подрачје позади хотел Тино имам двајца инвеститори кои реално сакаат да инвестираат во мини згради, не е изгласан планот, позади Мини Маркет не е изгласан планот, имам тројца бизнисмени кои сакаат да инвестираат во куќи над Билјанини Извори целата населба, не е донесен Генералниот план, не била поместена линијата со НП Галичица“ – вели Трајкоски.
Тој смета дека е време градската власт да изнајде начин да си ги заврши и среди работите во својот двор, за да може во Охрид да влезат сериозни инвеститори. Бидејќи бизнисмените за да инвестираат, општината мора да даде пат, струја, вода инфраструктура, односно она што стои во налогот за платени комуналии.
{loadposition content9}