Skip to main content

Изградба на нови хотели предвидена со новиот ДУП за потегот Горица-Св.Стефан-Метропол

Според градоначалникот Бакрачески,  токму изградбата на хотелски комплекси е нивната генерална урбанистичка определба поради можноста за брз локален економски развој.

 |  Мишел Наумоски  | 
hoteli
хотели

Изградба на нови хотели, но и реконструкција, доградба и надградба на постоечките хотелски капацитети на потегот од населбата „Св. Стефан“ до хотелот „Метропол“. Ова е предвидено со новодонесениот детален урбанистички план за овој потег, односно вон-населено место.

nov DUP hoteliБранко Арнаудов, од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа појаснува дека во сите детални урбанистички планови кои се вон-населено место, единствена намена на земјиштето може да биде само изградба на хотелски комплекси, мотели, старечки домови или викенд куќи.

„На потегот од „Св.Стефан“ отприлика до кај тунелот, источно од регионалниот пат Охрид-Св.Наум се предвидени хотели, покрај постојните на Белведере, некогашниот хотел на Жупа, Пелагонија и Интер-импекс, предвидени се уште 5-6 локации за изградба на хотели на тој простор.“-вели Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа.

Градоначалникот Бакрачески, пак потенцира дека изградбата на хотелски комплекси е генерална заложба на локалната самоуправа во сферата на урбанизмот.

hoteli Gorica-Metropol„Она што е наш приоритет, зборувам генерален приоритет на урбанизмот во Охрид, тоа е градење на хотелски комплекси, на угостителско-туристички комплекси кои ќе овозможат локален економски раст и развој, кои ќе овозможат брз развој на туризмот и кои ќе овозможат креирање на нови работни места. Тоа е наш генерален приоритет по кој ние се движиме во урбанистичко-просторното планирање во Охрид.“-рече Никола Бакрачески-Градоначалник на Охрид.

Деталниот урбанистички план за вон-населено место на потегот од населбата „Св.Стефан“ до Метропол беше изгласан на 37та седница на советот на општина Охрид.

Инаку пред донесувањето на овој урбанистички план, на територијата на општина Охрид претходно, уште во 2006та година беше донесен уште еден урбанистички план за вон-населено место, а кој се однесуваше на комплексот од некогашната специјална детска болница.

{loadposition content9}