Skip to main content

Струшката „Порака Нова“ бара волонтери

Струшката „Порака Нова“ бара волонтери.

 |  Валентина Неловска  | 
poraka
poraka

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром невладината Порака Нова бара волонтери кои ќе работат со овие лица. Помагајќи им на лицата со Даунов синдром,  придонесуваме за нивна поголема социјализација. Порака Нова ги отвара вратите за хуманите луѓе кои  не ја вртат главата  пред луѓето кои се различни од нив. На тимот може да им се приклучат сите оние кои се подготвени дел од своето слободно време да го поминат во работа со овие лица. На овој начин ќе  внесат светлина и радост во животот на лицата со интелектуална попреченост.

porakaЗаинтересираните можат да се јават во НВО  Порака Нова за да присуствуваат на обука на три работилници кои ќе им помогнат  преку дружење и забава полесно да ги разберат потребите на овие лица.

Со тоа волонтерите  ќе дадат свој придонес и кон семејствата. На обуките ќе научат факти за различниот спектар на пречки во интелектулната попреченост како што се аутизмот и  Дауновиот синдром. Сите заинтересирани кои сакаат да бидат волонтери во Порака Нова може да испратат писмо на следнава  е-маил адреса: poraka.struga@gmail.com или смс порака на тел: 071236840  каде ќе ги наведат личните податоци.
Порака Нова обуката  за волонтери ја спроведува во пресрет на  Меѓународниот ден на лица со Даунов синдром, 21 март.

{loadposition content9}