Skip to main content

Пајаковата мрежа од кабли на охридските улици ќе биде расчистена, најавуваат надлежните компании

Пајаковата мрежа од кабли на охридските улици ќе биде расчистена, најавуваат надлежните компании.

 |  Валентина Неловска  | 

На улицата Петар Чаулев денес се менуваше оштетена бандера на Телеком. На столбот има мрежа од кабли од  телефонски жици, но и на кабловските оператори. Од Телком се надеваат дека денешниот зафат е последниот од бројните оштетувања настанати од снежното невреме. Граѓаните кои имаат сознанија за други оштетувања на бандери, а за кои Телеком засега нема сознанија е отворен за соработка со граѓаните. Дефектите  може да се пријавуваат на безплатниот број 0 800 12345. Раководителот на регионалниот центар на Телеком, Никола Дуданов ги појаснува нивните ингеренции во делот на одржување на мрежата.

кабли„ Нашата инфраструктура  е изнајмена. Имаме соработка со кабловските  оператори. Дел од нивната инфраструктура сеуште е оштетена и не е поправена. Но, каблите тешко се распознаваат и докoлку граѓаните имаат сомнеж дали се работи за дефект на Македонски  телекомуникации ние треба да го  превземеме саниарњето. Ние сме тука и ако е наша бандерата да ја приспособиме. Напоменувам дека во 99, 99 посто, а само во еден промил, не го имаме идентификувано проблемот, но имаме 5000 бандери кои во најголем дел ги саниравме“, напоменува Дуданов.

За граѓаните да ги  распознаваат нивните бандери планираат  проект на дигитализација и обележување. Во моментов им се обележани само изводните бандери , напоменува Дуданов.    

Она што ги збунува граѓаните се големиот број испреплетени жици и кабли кои висат над нивните глави насекаде низ градот. Најчесто поставувано прашање е дали надлежните планираат поставување на оваа мрежа под земја.

Раководителот на регионалниот центар на Македонски телекомуникации, Дуданов информира дека во моментов реализираат поставуавње на оптичка мрежа. Покриени се сите магистарлни релации  и проблем е пристапот до домовите, вели Дуданов. Засега спровеле 1000 инсталации, а  до 2020 година планираат да ја инсталираат под земја целата оптичка мрежа.
кабли
 Од Фондот  за комунален развој  при  Локалната самоуправа велат дека за оваа проблематика немаат созанија и ингеренции туку тоа е во надлежност на Агенцијата за електрични комуникации и Агенцијата за енергетика. Нивна обврска е одржување на уличното и јавното осветлување кое е поставено на нивни бандери, но и на бандери од Евн и Телеком.   

„ Она што го имаме како напатствија од Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за енергетика е да го  следиме започнатиот процес на Телеком и Евн за поставуавње на кабли и жици  под земја. Онаму каде што Евн поставува нова електрична мрежа процесот на поставување на  јавно и улично осветлување го следиме паралелно“, вели Танески.    

Од Евн Македонија за овој проблем велат дека имаат  план  за техничко решение. Во Охрид планираaт  поставување на електричната мрежа под земја, информира портпролот на ЕВН, Атанас Ковачески.

„Секаде каде дозволува конфигурациајата на терен се поставуваат каблите на прописно растојание под земја. Се прави подземна кабелска мрежа каде не дозволува такво техничко решение се поставува надземна мрежа. Интенција е да се постави што повеќе кабелска мрежа под земја.Не зафаќа простор и нема влијание на временските услови.Таа мрежа  епосигурна за корисниците, вели Ковачески.

Во однос на сноповите од мрежа на инсталциите во градските средини, Ковачески  напоменува дека тие не се на ЕВН.  На нивната мрежа не е дозволено поставување кабли за други намени.

{loadposition content9}