Сончево затемнување, рамноденица и супермесечина
Во петок на 20-ти март ќе се случи интересен астрономски настан – затемнување на Сонцето. Но тоа не е се. Од астрономските феномени истиот ден следува и супер месечината, како и пролетната рамноденица.
Во петок на 20-ти март ќе се случи интересен астрономски настан – затемнување на Сонцето. Но тоа не е се. Од астрономските феномени истиот ден следува и супер месечината, како и пролетната рамноденица.
За жал, од кај нас нема да се гледа целосно затемнување, а таа привилегија ќе ја имаат само жителите и посетителите на Фарските острови и на островите Свалбард на крајниот север на нашата планета.
Цел остаток од тоталитетот ќе поминува низ Атлантскиот и Северниот Леден Океан. Малкуте места, каде што поминува тоталитетот на копно, не го прават ова затемнување толку интересно за светската астрономска јавност, а дополнителен фактор за ова претставува релативната недостапност на локациите. Патеката по која ќе се случи затемнувањето на 20 март, црната точка што се појавува е патеката на тоталитетот.
Од кај нас, а и од цела континентална Европа ќе можеме да видиме делумно затемнување на Сонцето. Колку сте понасевер во Европа толку повеќе од дискот на Сонцето ќе биде затемнет од Месечината. Од Скопје околу 43.5 проценти од дискот на Сонцето ќе бидат затемнети за време на максимумот од затемнувањето во 10.45 минути на 20 март, пишува порталот „Астрономија.мк“.
Затемнувањето за Скопје започнува во 9.37, максимумот ќе биде во 10.45, а завршува во 11.56. Членовите на Скопското астрономско друштво ќе бидат поставени на градскиот плоштад во Скопје и ќе се потрудат да им го доловат овој несекојдневен настан на минувачите. Стручните лица предупредуваат да не се гледа директно во Сонцето или пак да се гледа кон него со оптички помагала без соодветна заштита зошто може да дојде до губење на видот. Најбезбеден начин да се погледне затемнувањето е со користење на заштитни маски за заварување со над 13-ка заштитен фактор.
Следно делумно затемнување кое ќе може да се види од кај нас ќе биде дури на 21 јуни 2020 година, кога само околу 15 проценти од Сонцето ќе бидат затемнети.
{loadposition content9}