Пронајден леш во близинa на струшкото с. Драслајца
Пронајден леш во близинa на струшкото с. Драслајца .
policija
Пронајдено безживотно тело во атарот на струшкото село Драслајца. Случаен минувач, вчера околу 17 часот, во месноста викана Дупки пронашол леш во напредна фаза на распаѓање. Телото е пронајдено во близина на реката Сатеска.
Случајот е веднаш пријавен во полиција.
На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид и Полициската станица Струга.
По наредба на Јавен обвинител безживотното тело е испратено на обдукција на Судска медицина во Скопје за да се утврди идентитетот , информираат од СВР Охрид.
{loadposition content9}