Skip to main content

Белвицата десеткратно повеќе се лови поради зголемените риболовни основи

Концесионерот на езерото „Пастрмка 2012“ од хидробиолошкиот институт доби амин да лови поголемо количество белвица од претходно. Од риболовното друштво „Св. Апостол Петар“ реагираат дека состојбата со белвицата не е така розова за да се превземе ваков чекор. Зголемувањето на риболовните основи не ја загрозува белвицата, тврдат од Хидробиолошкиот институт. Научните сознанија покажуваат дека состојбата со оваа автохртона риба во езерото е стабилна, додаваат од таму.

 |  Јаковлева Лионела  | 
hidrobioloski
хидробиолошки

 

Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Тоа е резултат на тоталниот мораториум  кој се воведе од 2012та година кога повторно езерото се даде под концесија, тврдат од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Последните резултати од вештачкиот мрест на пастрмката се охрабрувачки бидејќи за пократок период собрани се поголем број зрна икра. Каква е состојбата со белвицата не може да се увиди на овој начин бидејќи за оваа специфична и автохтона риба не се врши вештачки мрест. Нејзината градба не го дозволува тоа. Контрола се врши преку експериментален риболов во одреден период од годината од што се увидува каква е состојбата со оваа популација. Од риболовното друштво „Св. Апостол Петар“ реагираат дека состојбата со белвицата не е така розова потенцирајќи дека за тоа придонело и зголемувањето на риболовните основи во месец февруари со што на концесионерот „Пастрмка 2012“ Хидробиолошкиот институт му дозволил наместо 2 тони белвица како што било наведено во првата риболовна основа да лови 25 тони. Од Хидробиолошки институт со свое објаснување за ваквата измена на риболовните основи.хидробиолошки

Од истражувањата кои беа направени со експериментален риболов во есенскиот период минатата година, пред самиот почеток на мрестот на белвицата  согледано беше дека популацијата е стабилна  и дека фондот на белвицата во езерото расте. Научните сознанија дозволија да се зголемат риболовните основи, вели Душица Илиќ Боева, одделение за практично рибарство и аквакултура при Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Боева објаснува дека риболовните основи по правило се носат на секои шест години, но на барање на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, на концесионерот или на институтот може да се менуваат и во меѓувреме. Овојпат промена на риболовните основи побарале и министерството и концесионерот. Сегашните риболовни основи се со рок на траење до 2016та год. па наскоро институтот ќе започне со  подетални истражувања од кои ќе зависат наредните риболовни основи односно колкав ќе биде уловот од 2016та натаму. ribi

Риболовното друштво „Св. Апостол Петар“ реагира и на големината на окцата на рибарскиот алат со кој се лови белвицата. Велат дека со амин на институтот растојанието од јазол до јазол е намалено со што во мрежите на концесионерот се фаќаат и многу помали примероци од дозволеното.

Во конкретниов случај иако е дозволена помала димензија  на окце од претходно самиот концесионер не ги користи тие најмали дозволени димензии на окце  туку ги користи поголемите  бидејќи и за него е важно да улови поголеми парчиња кои имаа повисока цена на пазарот, кажува Боева.

Боева е децидна дека доколку и понатаму физички се заштитува езерото како што тоа досега го прави концесионерот  ќе имаме постојан пораст на рибниот фонд. Веќе и од албанска страна се прават напори да се стави ред во ловењето на пастрмката и белвицата и да се сузбие рибокрадството. Таа додава дека нема место за загриженост од некакво истребување на овие ендемични видови риба, но додава дека секогаш треба да сме будни и да ја следиме состојбата.

{loadposition content9}