Skip to main content

Македонско -словенечки специјалитети се крчкаа во охридското угостителско училиште

Македонско -словенечки специјалитети се крчкаа во охридското угостителско училиште.

 |  Валентина Неловска  | 
гравче
гравче

 Охридски и словенечки ученици по готварство подготвија заеднички ручек. Во кујната на средното угостителско  училиште Ванчо Питошески вредните ученици работеа заедно на подготовка на традиционални рецепти, се дружеа и запознаваа. Учениците од словенечкото Ново Место беа во двонеделна работна посета на сродното охридско училиште. Од оваа  соработка се задоволни и  словенечките и охридските ученици.  
баклава
„Пробавме македонско тавче гравче , македонска риба, вкусна храна поинаква од онаа што ја имаме дома. Прекрасно е да се вкусат други јадења“, кажува Патришиа Лекша.    

„Искуствата  се многу добри. Професорите и менторите доста ни покажуваат даваат знаења кој ги бараме“, вели  Исток Пуше.

„ Во сеќавање ќе миостане прекрсните луѓе, различната вкусна храна, луѓето се пријатни и весели, вредни , на кратко се беше прекрасно“, ги наведува своите впечатоци и  ученичката Пија Стрмоле.

Даниел Здравески, ученик по готварство, како и неговите врсници од Словенија е задоволен од меѓусебното дружење.
 
„Преубаво си поминавме со пријателите од Словенија. Се дружевме си разменувавме искуства ние нешто научивме од нив  и тие од нас“, кажува Здравески.

Вредните ученици заедно под менторство на професорите Славица Штерк и Блаже Јорданоски ја сервираа салата за ручање и  подготвуваа  листа на јадења. За денешното мени готвеа македонски и словенечки специјалитети, словенечка погача и охридски комад, исто така се правеа салати со печено биено сирење, селско месо, тавче- гравче, динстан ориз, а за десерт баклава.

готвачи„ За овие две недели искуствата се неповторливи. Тие се ученици, а и ние  професорите се што е позитивно ќе го приемениме. Тие учествува во часовите на готварство и послужување. Пракса имаа во хотелто Милениум каде што подготвуваа коктел парти , а еден ден подготвуваа и пансионски ручек“, напоменува професорот  Јорданоски.

Неговата колешка, Славица Штерк професорка по стручни предмети од средното угостиелско училиште  од Ново Место,  е задоволна од соработката како и нејзините ученици кои се запознале со нова средина и култура.

„ Тоа е нешто што  може е најголемата вредност. Се запознаа со ученици и професори како и со и нивниот начин на работа и се одушевени. Тие стравуваа како ќе се вклопат во друга култура и друг народ,  но видоа дека сите деца се исти и имаат големо срце. Одушевени се со се“, вели професорката Штерк.

Професорката и учениците од словенечкото угостилско училиште се во посета на Охрид во рамките на програмата Ерасмус. Гостите  од Словенија ги  посетија и Струга, Вевчани, Крушево и Македонски Брод. Во рамките  на програмата Гатус на готвачки натпревар во Ново Место ги очекуваат пријателите од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

{loadposition content9}