Skip to main content

Беи Дао е добитник на „Златниот венец“

Годинешниот лауреат, добитникот на златниот венец на поезијата на Струшките вечери на поезијата, Беи Дао е роден во Пекинг на втори август 1949-та година.

bei dao
беи дао

Годинешниот лауреат, добитникот на златниот венец на поезијата на Струшките вечери на поезијата, Беи Дао е роден во Пекинг на втори август 1949-та година.

bei daoБеи Дао е всушност неговиот псевдоним, кој е подарок од негов близок пријател, како почит кон северно кинеската провинција од каде се неговите корени. Беи Дао во превод значи северен остров, а Неговото вистинско име е Зао Зенкаи.

Дао е еден од најистакнатите поети од таканаречената Емотивна школа, а неговите поем ибиле инспирација за петтоаприлското демократско движење од 1976-та година, познатите мирни протести од Тиенанмен.
Од маскарот на плотшадот Тиенанмен во 1989та година, Дао е протеран од родната Кина. Во родната земја се враќа дури после седум години егзил во САД.

 Автор е на голем број кратки раскази и есеи. Во 1978та година заедно со колегата Манг Ке го објавуваат андерграунд литературниот магазин Јинтиан што значи ДЕНЕС.

Добитник е на огромен број признаниа за неговото литературно творештво, како Аргана поетската награда на меѓународниот фестивал во Казабланка Мароко, како и престижната Гугенхајм награда. Неколку пати е номиниран за  Нобеловата награда за литература, а е почесен предавач на американскиот Стенфорд универзитет. Негови најпознати книги на поезија се „Ружа на времето“, „Одгатнато“, „Работ на небото“, „стариот снег“ и многу други, а неговите дела се преведени на 25 јазици.

{loadposition content9}