Средношколци од ЕМУЦ ќе заминат на пракса во Измир
Средношколци од ЕМУЦ „Св Наум Охридски“, преку Еразмус плус програмата ќе заминат на пракса во Измир, Турција. Тие 14 дена ќе разменуваат искуства, ќе стекнуваат нови знаења и вештини од областа на мехатрониката. Градоначалникот Никола Бакрачески им порача добро да го претставуваат нашиот град и додаде дека нивното заминување за Измир претставува успех за охридското средно образование.
Преку проектот ,,Иднината на мекатроника“ група од 9 ученици од ЕМУЦ „Св Наум Охридски“ под менторство на Проф. Љубица Смилевска Мојсовска добија можност да заминат на пракса во турскиот град Измир. Покрај главната цел, обука по мехатроника, учениците ќе имаат можност да го промовираат Охрид и нашата земја вели директорот Јане Цаноски.
„Се работи за проект кој вклучува 14 дневна стручна обука на наши ученици во партнер училиште во измир Турција. Во рамките на овој проект учениците ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења, нови вештини и компетенции од областа на мехатрониката, секако ќе имаат можност да си ги збогатат своите јазични вештини. Ќе има можност за проширување соработката со партнер училиштата од Турција
Со учениците кои за Турција треба да заминат на 22 март денеска се сретна Градоначалникот Никола Бакрачески . Тој им подели промотивни материјали за Охрид и им порача достојно да го претстават нашиот град.
„Јас ја користам оваа прилика да им честитами на раководниот тим на училиштето „Св Наум Охридски“, за овој навистина успех за охридскот средно образование и се надевам дека во иднина ќе продолжат со ваквите активности кои и тоа како му се потребни на нашиот град, ние како Локална самоуправа постојано напоменуваме дека им е потребна меѓународна соработка заради размена на искуство со нивни врсници и ние како Локална Самоуправа силно ќе ги поддржуваме ваквите активности“.
Проектот за средношколска пракса по мехатроника и електроника е финансиран од националната Агенција за Европско образование, мобилност во рамките на Еразмус плус од Европската Комисија за стручно образование. Покрај охридските средношколци обуката во Измир ќе ја следат и ученици од Гостивар и Кавадарци.
{loadposition content9}