Skip to main content

Почна гласањето на парламентарните избори во Израел

Израелските гласачи денеска ќе избираат нов Парламент меѓу 33 кандидатски листи. Рано изутринава беа отворени околу 9.500 избирачки места во земјата.

 |  Крсте Голабовски  | 
Kneset
Кнесет
Израелските гласачи денеска ќе избираат нов Парламент меѓу 33 кандидатски листи. Рано изутринава беа отворени околу 9.500 избирачки места во земјата.

 

Социолошките истражувања предвидоа скромна победа на десната партија Ликуд, која е предводена од Бенјамин Нетањаху, кој се очекува да се врати на политичката сцена како премиер. Центристичката партија Кадима на министерката за надворешни работи Ципи Ливни е втора по популарност. Војната во Појасот Газа и обновувањето на палетинските ракетирања ги зајакнаа позициите на екстремно десната партија „Израел Бејтену“ (Нашиот дом Израел) на Авигдор Либерман. Работничката партија (Авода) на министерот за одбрана Ехуд Барак се наоѓа на четврто место според анкетите.

Izbori ИзраелГласањето ќе трае до 22 часот, а првите официјални резултати се очекуваат да бидат објавени утре.

 

{loadposition content9}